Италијанските медиуми тврадат дека младата ѕвезда на италијанскиот фудбал, Доменико Берарди од следната сезона ќе го носи дресот на милански Интер.
Сасуоло има лоша сезона, па сигурно нема да може да го задржи Берарди на лето. Јувентус има прв опција за негово купување, но играчот преферира преселба во Интер.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Берарди е голем навивач на Интер од мали нозе и тоа не го крие, па и минатото лето одби да се пресели во Јувентус, а тоа наводно ги натерало „бјанконерите“ да се откажат од него.
„Нероаѕурите“ за неговиот потпис нудат 30 милиони евра, додека Сасуоло бара најмалку 35, но медиумите тврдат дека двете страни се блиску до договор и дека крилниот напаѓач од следната сезона ќе игра на „Џузепе Меаца“.