Дома Фудбал Италија Moрати: Го сакам Симеоне, но Мурињо е посебен

Moрати: Го сакам Симеоне, но Мурињо е посебен

Масимо Морати нема дилеми дека би сакал Жозе Мурињо да се врати во Интер, но сепак потенцираше дека Лучијано Спалети ќе ја добие неопходната поддршка.

Поранешниот сопственик на Интер кој сега со своето искуство помага на новото раководство, не размислуваше премногу кога го прашаа дали сака Мурињо да се врати во клубот?

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Да тој ми е многу драг. Но, Спалети ќе има време да ја покаже својата вредност“, изјави Морати на денешниот божиќен доручек во клупските простории.

Диего Симеоне исто така е некој кој е посакуван од страна на навивачите.

„Него исто така го сакам, но Мурињо е посебен“, додаде Морати.

Ќе потсетиме, Жозе Мурињо остави огромна трага на „Џузепе Меаца“ откако во 2010 година ги предводеше „нероаѕурите“ до „триплета“ (Куп, Серија А, Лига на шампиони).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вети дека ќе се соблече за победа на Албанија над Србија и тоа го направи! (Видео)

Фудбалската репрезентација на Албанија извојува победа против тимот на Србија во Лесковац …