Барселона оваа сезона има големи проблеми во одбраната и приоритет на раководството во зимскиот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец.
Ернесто Валверде иако остварува одлични резултати, во моментов може да смета само на двајца дефанзивци, бидејќи Умтити и Вермален се повредени.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа Каталонците се во потрага по дефанзивец, а италијанските медиуми пренесуваат дека изборот паднал на стоперот на Јувентус, Даниеле Ругани.
Ругани иако беше на излезна врата ова лето, сепак остана во Јувентус, но добива мала минутажа и не е задоволен од својот статус во тимот.
Барселона сака да го доведе на позајмица со можност да го откупи неговиот договор на крајот на сезоната.
Ругани наводно дал „зелено светло“ за трансферот, па сега се чека одговор од Јувентус.