Одличните перформанси на болидите на Ферари продолжија и вчера на тренинзите во Барселона, каде што Себастијан Фетел го извози најбрзото време.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Германецот извози време од 1.19.024 на ултрамеката компонента на пневматици со што беше три десетинки побрз од второпласираниот Луис Хамилтон од Мерцедес. Фетел извози и најмногу кругови на вчерашните тренинзи дури 156, додека Луис Хамилтон помина само 52.
Ниту еден друг возач не успеа да оствари резултат под 1 минута и 20 секунди, но сепак, Естебан Окон со неговата Форс Индија се покажа како еден од повредните денеска со извозени 137 круга и време од 1.20.161.
На вчерашните тренинзи возеше и другиот возач на тимот на Мерцедес, Валтери Ботас, кој што вчера беше најбрз, а денеска оствари резултат од 1.21.819 и извозе 95 круга.
Првата трка од сезоната ќе се вози на 26. март, а тренинзите во Барселона продолжуваат и денес.