Во фудбалскиот свет денес главна тема е отказот на Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед.
Клубот од „Олд Трафорд“ го отпушти Португалецот после очајната игра, а негов последен натпревар беше дербито против Ливерпул кое го загуби со 3:1. Како привремено решение клубот за тренер го назначи поранешниот фудбалер на овој клуб, Мајкл Керик.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Но, кој ќе биде следниот чекор на Жозе Мурињо?
Можеме да очекуваме дека ќе добие повик од некој европски гигант. Кој би можел да биде? Ливерпул, Челзи, Арсенал и Тотенхем засега не се во потрага по тренер. Покетино е кандидат за Јунајтед, но тешко е да се очекува дека Тотенхем би го земал Мурињо, но фудбалскиот свет не верува дека Мурињо би прифатил работа во Тотенхем.
Реал Мадрид после отказот на Лопетеги избра Солари да го води клубот и засега тој игра „топло-ладно“, одлично стартуваше, сепак имаше и некои дебакли како против Еибар и ЦСКА.
Баерн Минхен започна да игра подобро и Ковач сигурно нема да добие отказ во наредните неколку натпревари. Тешко и дека Баерн би прифатил тренер кој сам по себе е опасност за лоша атмосфера во соблекувалната (и онака имаа проблеми).
Мурињо е голем егоманијак, а клубот кој најдобро би го пречекал сигурно е Интер. На Спалети не му оди навивачите бараат негово отказ, а угледот кој го ужива во Милано сигурно е голем адут Жозе да се поврзува со „нероаѕурите“. Мурињо во Интер би имал можност и за засилувања со оглед на тоа дека италијанскиот клуб во овој момент нема поголеми проблеми со финансискиот фер-плеј.
Освен тоа, премногу опции нема. Интер од оваа преспектива изгледа како најреална дестинација. Во Кина веројатно би можел да оди каде сака и да земе колку сака пари, но тоа за Жозе би значело дека заминува од големата европска сцена. Сигурни сме дека тој се уште е убеден дека има што да покаже во Европа.
Тука е и португалската репрезентација. Фернандо Сантош има договор до 2020 година, па не е невозможно, секако ако Жозе прифати да работи во репрезентација да ја спрема Португалија за Мундијалот во Катар 2020 година.