Aко е некаква утеха за Жозе…
Жозе Мурињо остана без работа после отказот во Манчестер Јунајтед, а еден од најсреќните поради таквиот епилог сигурно е Пол Погба.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Погба не беше во најдобар однос со Португалецот кој го пресели на клупата за резерви во последните натпревари, а неговата објава на друштвените мрежи крена голема прашина.
Објавата многу брзо беше избришана бидејќи во фудбалскиот свет беше протолкувана како провокација до Мурињо. Но новинарите открија дека се работи за однапред закажана кампања на „Адидас“ која Погба требало да ја промовира на тој начин, токму во тоа време.
Confirmed by contact within @adidassoccer: "#Pogba's social media posts were a scheduled event, part of a marketing campaign. Immediately taken down once it became apparent that it could be misconstrued as disrespectful to Manchester United and José Mourinho"
— Chris Williams (@Chris78Williams) December 18, 2018