Дома Трансфер зона Не заминува само Санчез: На Арсенал му се заканува егзодус

Не заминува само Санчез: На Арсенал му се заканува егзодус

Англиските медиуми пренесуваат дека Арсенал се наоѓа во многу тешка ситуација, па покрај Санчез кој сигурно заминува, без разлика на судбината на Венгер клубот ќе го напуштат уште неколку фудбалери.

Наводно и Месут Озил сега го одбил новиот договор од 200.000 фунти неделно, не верува во иднината на Арсенал и донел одлука за го напушти „Емирати“.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Сеуште не се почнати ни преговорите за нов договор на Окслејд Чемберлејн, играч кој е голема желба на Манчестер Јунајтед и Ливерпул.

Медиумите тврдат дека неизвесна е судбината на шест фудбалери на Арсенал кои би можеле да го напуштат клубот на крајот на сезоната.

Самиот Венгер уште еднаш повтори дека тој работи за доброто на клубот и дека не е во Арсенал за да биде популарен, туку да го носи најдоброто за кубот.

Во секој случај, без разлика на тоа дали Венгер ќе остане или не, следува „жешко“ лето во Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…