Фудбалерите на Барселона синоќа го декласираа Леванте со 5:0, а уште еден фантастичен натпревар одигра Лео Меси.
Аргентинецот капитенски го предводеше својот клуб до нова победа, а со својата игра уште еднаш го воодушеви фудбалскиот свет. Меси на овој натпревар е заслужен за сите пет погодоци, што многу ретко се гледа на фудбалските терени.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Капитенот на Барселона постигна хет-трик, а исто така запиша и две асистенции за каталонскиот клуб. После овој натпревар Твитер “гореше“ од коментари, а во центарот се најде коментарот на играчот на Депортиво Алавес, Ибај Гомез.
„Размислувам дека постојат многу луѓе кои можат да го кажат тоа јавно. Кога секој би го тргнал на страна својот омилен клуб и би бил објективен, невозможно е да се замисли дека постои некој кој мисли дека Меси не е најдобар.“