Италијанските медиуми тврдат дека Сами Кедира ќе го напушти Јувентус на крајот на сезоната и дека раководството на „старата дама“ веќе бара замена за Германецот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Кедира пристигна во Јувентус без обештетување, но совршено се вклопи во играта на Алегри и се покажа како големо засилување.
На адреса на Кедира изминатиот месец пристигнале неколку понуди од САД, а Германецот е решен да стави крај на европската кариера и да продолжи во МЛС лигата.
Поради тоа „бјанконерите“ веќе ја започнаа потргата за негов наследник, а на листата желба се наоѓаат Махмуд Дахуд од Мехенгалдбах, Горецка од Шалке, Емре Чан од Ливерпил и Толисо од Лион.
Италијанските медиуми тврдат дека „старата дама“ следното лето сигурно ќе донесе двајца играчи за врска.