Дома Фудбал Официјално: Смолинг на Олд Трафорд до 2022 година!

Официјално: Смолинг на Олд Трафорд до 2022 година!

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Крис Смолинг стави потпис на нов договор и се обврза на верност со клубот од „Олд Трафорд“ до 2022 година.

29-годишниот Смолинг пристигна во Манчестер Јунајтед во 2010 година од Фулам и од тогаш запиша 307 настапи за „црвените ѓаволи“.

„Ова е мојата деветта сезона во клубот и воодушевен сум од продолжувањето на соработката и мојот напредок тука. Во моментов сите сме сконцетрирани само на натпреварите бидејќи ни следи напорен период“, истакна Смолинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Халанд ја откри нервозата во Сити: Кога нема победи, се сомневаш во сè

Манчестер сити се спаси од пораз против Наполи со доцен гол на Шерки, но Халанд не ги крие…