Дома Фудбал Германија Баерн како во најдобрите денови: Баварците упатија повеќе од 30 удари и со „покер“ се враќаат во Минхен! (ВИДЕО)

Баерн како во најдобрите денови: Баварците упатија повеќе од 30 удари и со „покер“ се враќаат во Минхен! (ВИДЕО)

Во терминиот од 15:30 часот во германската Бундес лига беа одиграни пет натпревари.

Баерн Минхен конечно одигра натпревар каков што сите очекуваат од овој германски гигант и со 0:4 на гостински терен го совлада Хановер.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Баерн Минхен на самиот старт најави фантастичен натпревар и уште во втората минута отвори преку Џошуа Кимих. После половина час Баерн стигна и до зголемување на предноста и тоа преку Давид Алба кој погоди со вистински проектил.

Со предноста од 0:2 Баерн замина на полувремето.

Во вториот дел Серж Гнабри зголеми на 0:3, а само пет минути подоцна Роберт Левандовски постигнува гол за конечни 0:4.

Со оглед на тоа како играше Баерн во овој натпревар Хановер може да биде и задоволен со овие четири примени голови во својата мрежа бидејќи баварците можеа да забележат и многу уште поубедлива победа.




Доволно е да се каже дека избраниците на Ковач имаа повеќе од 30 удари кон голот на противникот.

Во останатите натпревари Аугусбург и Шалке одиграа 1:1, Фортуна со 2:0 славеше против Фрајбург, Штудгарт на свој терен беше подобар од Херта со 2:1, додека Хофенхајм и Борусија Менхенгладбах одиграа без голови 0:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Чурлинов му даде гол на Бетис, но Јагелонија остана без полуфинале (Видео)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов повторно се запиша меѓу стрелците за…