Рома оваа сезона игра под очекувањата, а навивачите најмногу се лути на Мончи кој на лето направи големи промени во играчкиот кадар.
„Волчицата“ во текот на летото остана без неколку важни играчи, а во клубот пристигнаа млади фудбалери од кои се очекува да го покажат својот квалитет. Големите промени се чуствуваат и на резултатите и јасно е дека на новите играчи ќе им биде потребно време да да се вклопат во тимот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Римскиот клуб во јануари ќе биде и тоа како активен кога во прашање е преодниот рок, а наводно Мончи веќе две зделки приведува кон крај. Италијанските медиуми пренесуваат дека на „Олимпико’ би требало да пристигне играчот за врска на Јанг Бојс, Секу Саного и фудбалерот на Борусија Дортмунд, Јулијан Вегл.
„Газета дело Спорт“ пишува дека овие фудбалери се на врвот на листата желби на Мончи и дека тој на големо работи овие две зделки да бидат реализирани во јануари. Не е познато колкава сума би требало да плати Рома за овие двајца играчи, но јасно е дека засилувања им се и тоа како потребни.
https://www.youtube.com/watch?v=PlK0rmh5i7c
https://www.youtube.com/watch?v=0HbllCSPUCk