Дома Фудбал Споредба на Де Геа и Алисон: Бразилецот со далеку подобра статистика (ФОТО)

Споредба на Де Геа и Алисон: Бразилецот со далеку подобра статистика (ФОТО)

Aлисон Бекер е голем погодок на Јирген Клоп и Ливерпул.

Иако Давид Де Геа се смета за најдобар голман во Премиер лигата, статистиката оваа сезона е во корист на бразилскиот голман.

Бразилецот на 16 натпревари во англиската Премиер лига дури 10 пати не примил погодок, а неговата мрежа вкупно се тресеше само шест пати.

Чуварот на мрежата на Ливерпул има 86% успешни одбрани, додека голманот на Манчестер Јунајтед има далеку полоши статистички бројки.

Де Геа на 16 премиерлигашки натпревари само во два натпревари не прими погодок и прими дури 26 погодоци, 20 повеќе од Бразилецот и има процент на одбрани 67%.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристиќ ја отвори вратата кон Лига А: Македонија У17 останува во трката за ЕП

Македонија го победи Сан Марино со 1-0 и го обезбеди следниот квалификациски круг. Стефан …