Дома Трансфер зона Пристигна и пораката за добредојде од Барселона: Ако Мората дојде сигурно ќе биде убаво пречекан

Пристигна и пораката за добредојде од Барселона: Ако Мората дојде сигурно ќе биде убаво пречекан

Неодамна шпанското „Радио Каталонија“ пренесе сензационална вест дека Алваро Мората бил понуден на Барселона, а сега пристигна и порака за добредојде од таборот на каталонскиот гигант.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, фудбалерот на Барселона, Жорди Алба истакна дека сите на „Ноу Камп“ би се израдувале на доаѓањето на Алваро Мората.

„Многу го ценам Мората. Игра на високо ниво долго време. Доколку гласините се точни, сигурно ќе биде убаво пречекан. Сепак, за него како и за секој друг фудбалер одлучува клубот“, изјави Алба.

Во наредниот период останува да видиме дали Мората навистина би можел да направи трансфер во Каталонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…