Вечерва беа одиграни и последните натпревари од групната фаза во Лигата на Европа.
Најголемоти изненадување го приреди Олимпијакос кој на домашен терен го совлада Милан со 3:1 и така го елиминираше уште во групната фаза од второто по ранг натпреварување во Европа.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Првото полувреме заврши без погодоци, а потоа во 60-тата минута Олимпијакос стигнува до предност. Домаќините изведоа брзо еден корнер и одбраната на Милан беше фатена на „спиење.
Десет минути подоцна домаќините стигнаа до предност од 2:0 после несреќниот автогол на Запата. Овој фудбалер само две минути подоцна се „извади“ и намали на 2:1.
Резултатот 2:1 Милан го водеше во следната фаза, а изгледаше дека „росонерите“ ќе се извлечат, но после еден корнер Олимпијакос добива пенал кој го реализираше Фоуртунис за 3:1 и големо славје во Пиреа.