Дома Трансфер зона Марсеј ја одреди цената за својата ѕвезда – на потег се Челзи и Интер

Марсеј ја одреди цената за својата ѕвезда – на потег се Челзи и Интер

Флориан Туавин е еден од најдобрите фудбалери во француската лига оваа сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти како Челзи, Интер и Баерн Минхен.

Туавин имаше лоша епизода во Њукасл, но потоа се пресели во Марсеј каде буквално експлодира.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Минатата сезона постигна 26 гола и му помогна на тимот да стигне до финалето Лига Европа, а оваа сезона продожи со ист ритам и постигна 12 гола на 17 натпревари.

Најсилен интерес покажуваат Интер и Челзи, кои сакаат да го донесат крилниот напаѓач уште во зимскиот преоден рок.

Француските медиуми пренесуваат дека Марсеј за слободата на својата ѕвезда бара 45 милиони евра, па сега на потег се заинтересираните клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Крај на една ера: Марко Ројс заминува од Борусија Дортмунд!

Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезо…