Дома Фудбал Италија Спалети пред отказ во Интер: Поранешниот тренер на Јувентус фаворит за негов наследник!

Спалети пред отказ во Интер: Поранешниот тренер на Јувентус фаворит за негов наследник!

Разочарувањето во Интер после елиминацијата во групната фаза е огромно.

Киксот против ПСВ не само што е фијаско од спортска страна, туку клубот остана и без сериозни финансиски средства. Кинеското семејство, Жанг кое владее во клубот е разочарано и некој ќе ја плати цената, а најверојатно тоа ќе биде тренерот Лучијано Спалети кој е етикиран како главен виновник.

Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


Денес Џузепе Марота и официјално ќе биде претставен како нов генерален директор во Интер и од сега тој ќе носи крупни одлуки како што се промена на тренерот. Поголемиот дел од италијанските медиуми пишуваат дека Марота нема да го менува Спалети до крајот на сезоната и дека тоа ќе се случи на лето.

Често како голема желба на Интер се споменуваше Чоло Симеоне, сепак таа опција се уште не е реална.

Она што е реално е дека Антонио Конте со Марота соработуваше во Јувентус и заедно освоија три „Скудета“, но тој замина поради конфликтот со Ањели и Недвед.

На крајот тука е и Мурињо. Секако, ако добие отказ во Манчестер Јунајтед. Португалецот е емотивно врзан за Интер со кој освои триплета, но не е познато дали има желба за работа во Италија кога Јувентус изгледа толку надмоќно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Реал Мадрид сезонава имаше огромни проблеми: Само четворица проблеми не се повредиле

Реал Мадрид имаше големи проблеми со повредите оваа сезона. Само четворица фудбалери не пр…