Дома Фудбал Лига на шампиони ВИДЕО: Алегри го замени затоа што било ладно, но Пјаниќ јасно му покажа што мисли

ВИДЕО: Алегри го замени затоа што било ладно, но Пјаниќ јасно му покажа што мисли

Jувентус вчера запиша изненадувачки пораз на гостувањето кај Јанг Бојс од 2:1.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во овој натпревар, во второто полувреме беше заменет Миралем Пјаниќ кој изгледа не ја прифати најдобро таквата одлука на стратегот на Јувентус, Масимилијано Алегри.

Имено, при излегувањето од теренот играчот за врска не сакаше да се поздрави со Алегри туку директно се упати кон соблекувалната со што е јасно дека покажа незадоволство.

Алегри после натпреварот како причина зошто го заменил Пјаниќ го наведе ладното време.

„Зошто го заменив Пјаниќ? На теренот беше шест степени под нулата. Подобро беше да го поштедам за да биде спремен за предизвикот во сабота“, изјави Алегри.
На местото на Пјаниќ влезе Емре Чан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Официјално: Чаби Алонсо е нов тренер на Челси

Англискиот гигант Челси официјално потврди дека шпанскиот стратег Чаби Алонсо ќе го презем…