Дома Фудбал Англија Ван Дијк: Не можам да поверувам што зборувате, одев на топка

Ван Дијк: Не можам да поверувам што зборувате, одев на топка

Фудбалерите на Ливерпул вчера пред своите навивачи го победија Наполи со 1:0 и така го обезбедија местото во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

На Наполи му беше доволен бод да се пласира во следната фаза, но не успеаа да ја затресат мрежата на Алисон иако во финишот од натпреварот Милик пропушти зицер.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Во центарот на вниманието после овој натпревар беше и Вирџил Ван Дијк бидејќи многумина веруваат дека стоперот заслужи директен црвен картон во првото полувреме.

Ван Дијк беше невниматален во лизгачкиот старт над Мертенс и го собра Белгиецот. Сепак имаше среќа и помина само со жолт картон.
Сега се огласи и самиот фудбалер.

„Не можам да верувам дека зборувате дека сум сакал да го повредам. Сметам дека тоа воопшто не беше толку страшен прекршок. Одев на топка и за жал го удрив, но немав намера да го повредам или нешто слично. Тоа е фудбалот“, изјави Ван Дијк.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул планира трансфер на ѕвездата на Баерн вредна 65 милиони евра?

Иако последниве денови во Ливерпул доминира веста за ситуацијата на Мохамед Салах, кој се …