Актуелниот англиски шампион Манчестер Сити и официјално пронајде опција за голманската позиција.
„Граѓаните“ оваа сезона имаат проблеми со голманите. Клаудио Браво ќе биде надвор од терените до крајот на сезоната поради повреда на Ахиловата тетива, ниту Едерсон не беше 100% спремен, па Гвардиола мораше да бара нови решенија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Изборот на крајот падна на репрезентативецот на САД Зак Стефен. Во прашање е голман кој брани во МЛС лигата за Колумбус Крев, а дека работата е завршена потврди и овој клуб наведувајќи дека вредноста на трансферот е најголема во нивната историја.
„Секој успех кој го остварив како голман во МЛС го делев со сите оние кои ме тераа да бидам подобар – тимските колеги, тренерите, семејството, пријателите и навивачите. Се радувам на одличниот нов период во животот“, порача Стефен.