Дома Фудбал ЛШ: Порто и Шалке го потврдија пласманот во нокаут фазата, Галатасарај во Лигата на Европа

ЛШ: Порто и Шалке го потврдија пласманот во нокаут фазата, Галатасарај во Лигата на Европа

Денес во терминот од 18:55 часот во рамките од последното коло во Лигата на шампионите се одиграа натпреварите од групата „Д“.

Победник на оваа група е тимот на Порто кој како првопласиран без пораз и со еден нерешен резултат се пласираше во следната фаза. Зад Португалците следи тимот на Шалке со девет освоени бодови. Галатасарај ќе продолжи во Лигата на Европа, додека Локомотив Москва ги заврши европските натпреварувања.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Порто во натпревар со пет голови на гостински терен славеше против Галатасрај со 2:3.

До водство Португалците стигнаа во 17-тата минута преку Фелипе. Потоа следуваше бурна завршница на полувремето каде што видовме два пенали.

Мерега беше реализаторот за Порто во 42-тата минута, за нов пенал да видиме на спротивната страна само четири минути подоцна, погоди Фегули.

Во вториот дел Оливеира зголеми на 1:3, додека Дердјок ги постави конечните 2:3. Само две минути подоцна Фегули не реализираше уште еден пенал.

Шалке минимално со 1:0 славеше против Локомотив Москва, единствениот стрелец на натпреварот беше Шопф во последните минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Постигна 109 голови за пет години: Погледнете како беше пречекан пред потпис за Јувентус (Видео)

Џонатан Дејвид (25) ќе стане нов играч на Јувентус. Канадскиот напаѓач слета во италијанск…