Фудбалерите од Брегот Слоновата Коска, Јаја Туре после само три месеци ќе го напушти грчки Олимпијакос бидејќи не ги исполнил очекувањата во славниот клуб.
Јаја Туре во септември пристигна на Олимпијакос откако му истече договорот со Манчестер Сити. Сепак, после само три месец и пет одиграни натпревари овој ветеран повторно ќе биде слободен играч бидејќи не ги задоволи апетите на клубот од Пиреа.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
За Туре ова беше второ доаѓање во Олимпијакос, а прв пат дојде на „Караискакис“ од украински Металург. Од Олимпијакос во 2006 година премина во Монако, потоа во Барселона каде што ја освои Лигата на шампионите, додека за осум години во Манчестер Сити три пати ја освоијуваше Премиер лигата.
Со Брегот на Слоновата Коска го освои африканскиот Куп на нации во 2015 година.