Дома Трансфер зона Трансфер бомба: Интер договори засилување од 40 милиони!

Трансфер бомба: Интер договори засилување од 40 милиони!

Италијанските медиуми денес ласираа вистинска трансфер „бомба“ и тврдат дека Интер веќе го договорил трансферот на ѕвездата на Фиорентина, Федерко Бернардески.

Бернардески блеска оваа сезона во Фиорентина и важи за еден од најголемите таленти на Апенините, па за него интерес покажаа сите големи клубови во Серија А.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Меѓутоа, „нероаѕурите“ беа најбрзи и го договориле трансферот за 40 милиони евра, па така ја победија конкуренцијата.

„Ил Месаџеро“, весник близок до Фиорентина тврди дека компанијата „Сунинг“ ги договорила сите детали до трансферот со претседателот на Фиорентина, Дела Вале.

Плановите на Интер за следната сезона се да изгради тим кој ќе биде конкурент за Скудетото, а целта е да се донесат неколку италијански таленти.

Па така, после Гаљиардини кој оваа зима пристигна од Аталанта за 25 милиони евра, Интер го осигура потписот на уште еден голем италијански талент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Гвардиола во Италија најде замена за Родри

Манчестер Сити остана без еден од најважните фудбалери, Родри, кој заработи тешка повреда …