Дома Фудбал Лига на шампиони Лорис: Се молам Меси да не добие слободен удар во опасната зона

Лорис: Се молам Меси да не добие слободен удар во опасната зона

loris

Фудбалерите на Барселона вечерва играат на домашен терен против Тотенхем во натпревар од последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Каталонскиот клуб претходно ја обезбеди првата позиција во групата и за нив вечерашниот натпревар нема да има резултатско значење. Од друга страна доколку Интер го победи ПСВ на лондонскиот тим потребна му е победа.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Ернесто Валверде најави дека ќе одмара дел од најдобрите фудбалери. Суарез сигурно нема да настапи, но тука ќе биде Лионел Меси, а тоа не е добра вест за Уго Лорис.

Голманот на „петлите“ пред вечерашниот натпревар имаше една интересна изјава.

„Доколку Лионел Меси против нас ги изведува слободните удари како против Еспањол пред неколку дена тогаш не би можел ништо да направам. Го молам Бог да не добие слободен удар во зоната за удар“, изјави Лорис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Во Премиер лигата дебитираше момче од 15 години поради кое мораше да биде направен специјален дрес

Премиер лигата синоќа влезе во нова ера бидејќи во еден натпревар од најдобрата англиска л…