Раководството на Рома прави се за да го убеди Антонио Конте да го преземе кормилото на „волчицата“, пренесуваат италијанските медиуми.
Рома оваа сезона игра под сите очекувања, а викендов имаше ново разочарување откако испушти два гола предност на гостувањето кај Каљари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Официјално клубот застанат зад тренерот Ди Франческо, но на Апенините тврдат дека раководството бара замена, а најголема желба е Антонио Конте. Притоа, за таа цел клубот побарал помош од клупските легенди Франческо Тоти и Даниеле де Роси.
Имено, Тоти веќе имал неколку телефонски разговори со Конте во кои го убедувал да се согласи да го преземе кормилото на „волчицата“, а истото го направил и Де Роси.
Меѓутоа, тоа ќе биде многу тешка мисија бидејќи Конте не сака да презема тим на средина од сезоната и ќе почека до следното лето да направи избор.
Италијанските медиуми пренесуваат дека други варијанти за клупата на Рома се Винченцо Монтела и Лоран Блан.
#ASRoma are reportedly using Francesco Totti and Daniele De Rossi to hold talks with Antonio Conte https://t.co/xpHec9OSDU #CFC pic.twitter.com/FNSHwxxz2r
— footballitalia (@footballitalia) December 9, 2018