Лошата сезона на Манчестер Јунајтед дефинитовно го натера раководството да тргне во потрага за нов тренер, а англиските медиуми тврдат дека заменикот на Мурињо е веќе пронајден.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Имено, раководството на Манчестер Јунајтед има само еден фаворот за тренерското место после Жозе Мурињо, а тоа е тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино.
Аргентинецот никогаш не криел дека би сакал еден ден да ги тренира „црвените ѓаволи“, па се чини дека сега е идеална прилика за тоа.
Во меѓувреме Покетино го продолжи договорот со Тотенхем до 2023 година, па поради тоа Јунајтед ќе мора да плати сериозна сума за да ја активира клаузулата.
Медиумите на Островот пренесуваат дека Покетино ќе ги чини „црвените ѓаволи“ точно 45 милиони евра. Меѓутоа, Јунајтед може да спаси пари од отказот на Мурињо доколку тимот не заврши во Топ 4 на крајот на сезоната.
Во тој случај Манчестер Јунајтед има можност да го отпушти „Специјалниот“ без обештетување.
