Дома Трансфер зона Марота има план: Во Интер пристигнуваат две големи ѕвезди!

Марота има план: Во Интер пристигнуваат две големи ѕвезди!

Бепе Марота и официјално ја презеде фукцијата генерален директор во Интер, па јасно е дека на лето ќе сака значително да го засили тимот.

Поранешниот директор на Јувентус од наредната сезона сака да направи респектабилен тим кој ќе може да се бори за Скудето, а италијанските медиуми ги открија имињата на двете големи мети на Марота.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Прв на списокот желби е Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лациом фудбалер кој е на мета на многу европски гиганти и кој Марота минатото лето сакаше да го донесе во Јувентус.

Србинот оваа сезона не игра на своето ниво, па неговата цена во моментов падна на 80 милиони евра, а Марота веќе работи на трансферот.

Втората голема желба е ѕвездата на Фиорентина и италијански репрезентативец Федерико Киеза. И тој е на мета на најголемите италијански клубови, но медиумите тврдат дека Интер е во предност поради добрите односи на Марота со директорот на „виолетовите“.

https://youtu.be/XBBATCFRVmc

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…