Овие денови во фудбалскиот свет се зборува за освоената „Златна топка“ на Лука Модриќ.
Фудбалската јавност е подалена – едни сметаат дека Модриќ ја заслужил, други пак тврдат дека Модриќ е најлошата „Златна топка“ во историјата на фудбалот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За оние вторите силен аргумент е Весли Снајдер. Холанѓанецот кој во 2010 година имаше неверојатна година, но на крајот сепак не стигна до ова престижно признание.
Да започнеме по ред…
Снајдер таа 2010 година со Интер ја освои Лигата на шампионите, исто како и Модриќ, значи тука се еднкаво. Холанѓанецот со „нероаѕурите“ ја освои и италијанската Серија А, Модриќ и Реал минатата година завршија на третата позиција.
Модриќ со Реал во шпанскиот куп натпреварувањето го заврши во четвртфиналето, додека Снајдер го освои италијанскиот куп. Двајцата играа во финалето Суперкупот и финалето на Светското првенство…
Зошто Модриќ е прогласен за најдобар, Снајдер не?