Дома Трансфер зона Арнаутовиќ е на цена: Англиските гиганти веќе спремаат понуди

Арнаутовиќ е на цена: Англиските гиганти веќе спремаат понуди

Австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ би можел да го напушти Вест Хем во зимскиот преоден рок, пренесуваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Силен интерес за Арнаутовиќ покажуваат Манчестер Јунајтед, Челзи и Евертон, кои се спремни да испратат понуди во јануари.

Напаѓачот неодамна самиот изјави дека потребен му е нов предизвик во кариерата, па на „чеканите“ ќе им биде тешко да го задржат во своите редови.

Арнаутовиќ има договор со Вест Хем до 2022 година, па клубот сигурно нема да го пушти за сума помала од 40 милиони евра.

Арнаутовиќ во моментов е повреден и ќе биде надвор од тимот до Божиќ, но можно е веќе да го одиграл последниот натпревар за Вест Хем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…