Дома Фудбал Вулвс го спушти Челзи на земја, па Сари како да се откажа: Ние сме една класа под Манчестер Сити

Вулвс го спушти Челзи на земја, па Сари како да се откажа: Ние сме една класа под Манчестер Сити

Искушенијата што туку следуваат, Италијанецот на клупата на Челзи може да биде загрижен.

Поразот од Вулвс во вчерашниот натпревар го вклучи алрамот на „Стенфорд Бриџ“. Некои сметаат поради стилот на Сари Челзи ја изгубил цврстината и сега се покажуваат недостатоците.

Против Вулвс водеа, имаа контрола, а потоа за четири минути примија два погодоци.

„Многу сум загрижен не поради поразот, туку поради начинот. Не одговоривме на вистински начин, немавме самодоверба, сега јасно е дека погрешивме со тоа што некогаш покажуавме преголема самодоверба. Од овој пораз треба да извлечеме поука. Ме загрижува тоа што паднавме после голот, изгледавм како поинаков тим“, изјави Сари.

Стратегот на Челзи запрашан и за Манчестер Сити против кој ќе играат во сабота.

„Тие се подобри од нас имаат материјал за титула, ние сме една класа подоле, се бориме за место во топ 4“, заврши Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Беласица пред тренерска промена: Цицмиловиќ поднесе оставка пред дуелот со Охрид

Раде Цицмиловиќ се повлече од лични причини, а струмичкиот второлигаш треба да избере него…