Дома Топ вести „Онда Мадрид“: Реал Мадрид договори спектакуларен трансфер!

„Онда Мадрид“: Реал Мадрид договори спектакуларен трансфер!

Шпанското радио „Онда Мадрид“ денес пренесува дека Реал Мадрид договорил спектакуларен трансфер трансфер за наредната сезона.

Ако можеме да веруваме на споменатиот извор „кралевите“ конечно постигнале договор со Челзи за купување на Еден Азар и Белгиецот од наредната сезона ќе биде дел од соблекувалната на Реал Мадрид.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Споменатото радио пренесува дека во трансферот ќе биде вклучен и хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ кој во овој момент е на позајмица во Челзи. Секако, покрај тоа Реал ќе добие и одредена сума на пари.

Неодамна на Островот се појави вест дека Азар пред себе има понуда од 300.000 фунти неделно, но Белгиецот засега не одговорил на оваа понуда.

Како и да е неговата судбина наскоро би требало да биде позната, а нас ни останува да видиме дали „Онда Мадрид“ со веста која денес ја пласираше е во право.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…