Дома Фудбал Италија Инзаги: Ми идеше да направам 11 измени на полувремето

Инзаги: Ми идеше да направам 11 измени на полувремето

Тренерот на Лацио, Симоне Инзаги беше разочаран после денешниот натпревар со Киево во кој неговиот тим освои само еден бод.

Лацио го одигра веројатно најлошото полувреме во оваа сезона во кое губеше со 1:0,  а во продолжение Имобиле успеа да погоди за конечни 1:1.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Да можев ќе ги заменев сите 11. играчи на полувремето. Ми идеше тоа да го направам, но беше невозможно. Три години сум овде тренер, но не паметам некогаш да сме одиграле толку лошо. Ова е нашето најлошо полувреме без дилема.“ – изјави Инзаги и додаде:

„На крајот, освоивме бод но можеби заслуживме и повеќе. Трето реми во низа, тоа по малку фрустрира. Прв пат оваа сезона не сме во првите четири екипи во Серија А.“

Лацио падна на петото место на табелата, а четвртото му го препушти на Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Неверојатно: Малку фалело луѓето во Барселона да се откажат од Јамал – чудно им одел!

Денес Ламин Јамал е глобална фудбалска ѕвезда, чиј пат до врвот беше блескав. Малку се зна…