Дома Останати Боксерскиот спектакл без победник: Фjури преживеа два нокдауна, мечот заврши нерешено!

Боксерскиот спектакл без победник: Фjури преживеа два нокдауна, мечот заврши нерешено!

Боксерскиот спектакл на годината помеѓу Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури заврши без победник.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тајсон Фјури доминираше во најголемиот дел од мечот, но два пати се најде во нокдаун, во деветата и дванаесетата рунда од кои успеа да се врати. Овие два моменти го чинеа победа.

Иако ретко се случува, судиите беа едногласни во одлуката и битката на двајцата титани во тешка категодија заврши со нерешен резултат.

Вајлдер влезе во рингот со скор 40-0, од кои 39 победи се нокаут, додека Фјури има 27-0, од кои 19 се нокаути. Вајлдер истовремено беше бранител на ВБЦ-појасот, но немаше изразита доминација, а во борбата имаше блесок со два удари, во деветтата и дванаесеттата рунда.

На крајот резултатот од судиите беше нерешен: 115:111 за Вајлдер, 114:110 за Фјури и 113:113. Се шпекулира дека ќе има реванш на Вембли.

По завршување на борбата и двајцата боксери сметаа за себе дека се победници.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…