Дома Фудбал Англија Санчез добива пола милион фунти неделно, а постигнал помалку голови од – стопер!

Санчез добива пола милион фунти неделно, а постигнал помалку голови од – стопер!

Алексис Санчез на почетокот на оваа година која изминува пристигна во Манчестер Јунајтед како големо засилување од редовите на Арсенал.

Сепак од пристигнувањето Чилеанецот има големи проблеми на „Олд Трафорд“ и прилагодувањето му оди навистина тешко.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Не е дека Жозе Мурињо не се обидуваше да му пронајде место, се обидуваше, но Санчез никако не успеваше да ја врати формата со која го носеше дресот на Арселан.

Поради таквата ситуација, Санчез се наоѓа пред заминување, а тоа би било големо олеснување за „ѓаволите“ со оглед на тоа дека тој заработува 500.000 фунти неделно.

На Островот забележаа уште еден поразителен факт за напаѓачот кој добива голема сума – Крис Смолинг кој е дефанзивец оваа година има постигнато повеќе голови од Санчез!

Навистина, Санчез и Јунајтед треба добро да размислат и да се запрашаат каде е проблемот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ди Марија ги одбра петте најважни аргентински фудбалери во историјата, еден од нив ги изненади сите

Анхел Ди Марија е еден од најдобрите аргентински играчи на неговата генерација, а сега ги …