Дома Фудбал Лига на шампиони „Марка“ открива детали: Познато со што Иско го налутил Солари

„Марка“ открива детали: Познато со што Иско го налутил Солари

Вчера се појави видео од реакцијата на Иско кога му беше соопштено дека нема да биде во комбинација за настап.

Денес мадритска „Марка открива детали што точно направил Иско за да се најде во немилост кај Солари.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Наводно, Солари одлучил да го изостави Иско во вторникот, но главната причина според „Марка“ се случила уште на гостувањето во Еибар.

Тогаш, после тешкиот пораз од 3:0, Иско како што се наведува покажал непочитување кон Солари и со тоа го налутил стратегот на „кралевите“.

Шпанецот во соблекувалната одбил да се ракува со Солари, а таквиот потег за Иско значеше неиграње во најелитното европско натпреварување. Сега, не е позната дали оваа казна за

Иско е еднократна или ќе продолжи и за викендот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ќерката на легендарниот фудбалер е вистинска „бомба: На 19 години веќе заработува богатство!

Ќерката на славниот италијански фудбалер Франческо Тоти сè повеќе го привлекува вниманието…