Дома Фудбал Англија Мурињо: Де Геа останува во Јунајтед и тоа е единствената вистина

Мурињо: Де Геа останува во Јунајтед и тоа е единствената вистина

Тренерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо за англиските медиуми ги коментираше шпекулациите околу наводното заминување на Де Геа од Олд Трафорд.

Во претходните неколку дена многу се шпекулираше околу тоа дека Де Геа ќе го напушти Јунајтед по крајот на оваа сезона, и дека за него голем интерес покажуваат ПСЖ и Јувентус. Шпанскиот голман пред неколку години беше на излезните врати на Јунајтед и договори трансфер во Реал Мадрид, но поради пробивање на рокот тој пропадна.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Де Геа потоа одлучи да го продолжи договорот со Црвените ѓаволи, но се чини дека повторно сака да го напушти клубот. Но, Мурињо вчера ги демантираше тие шпекулации.

„Де Геа е најдобриот голман на светот и ни треба во екипата најдобриот во светот. Знам дека сака да остане во Јунајтед и сите шпекулации околу неговото заминување се лага. Можам со сигурност да ви кажам дека Де Геа останува.“ – изјави Специјалниот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…