Дома Фудбал ВИДЕО: Монако и Анри немоќни против Атлетико, Локомотив ги испрати Порто и Шалке во нокаут фазата

ВИДЕО: Монако и Анри немоќни против Атлетико, Локомотив ги испрати Порто и Шалке во нокаут фазата

Во натпреварите од 18:55 часот видовме два идентични резултати и победи на домаќините.

Атлетико Мадрид на свој терен го победи Монако со 2:0 и го остави на последното место во групата.

„Јорганџиите“ рано уште во втората минута стигнаа до водство кога Бадиашил си ја погоди сопствената мрежата.

Само дваесетина минути подоцна, Антоан Гризман после одличниот продор на Кореа зголеми на 2:0, резултат кој се покажа и како конечен.

Во вториот дел видовме возбудувања во финишот кога Савиќ од Атлетико заработи црвен картон, а Монако доби прилика да ја намали предноста на домаќинот, сепак Радамел Фалкао не реализираше најстрога казна.



Во вториот натпревар Локомотив Москва со истиот резултат славеше победа против Галатасарај. Стрелци на погодоците беа Донк во првото полувреме и Игњатев во вториот дел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Договор до 2032, а агентот го испитува пазарот: Што се случува со Гравенберх?

Според непотврдено тврдење на Икс, агентот на Рајан Гравенберх контактирал со европски клу…