Дома Фудбал Лига на шампиони Расправија во ПСЖ пред вечерашното дерби: Еден играч останал на клупата во последен момент!

Расправија во ПСЖ пред вечерашното дерби: Еден играч останал на клупата во последен момент!

Во Лигата на шампионите вечерва се игра големото дерби помеѓу ПСЖ и Ливерпул.

Двете екипи се борат за пласман во наредната фаза, а вечерашниот натпревар би можел да има огромно значење. ПСЖ едноставно мора да победи доколку сака да ги задржи шансите за пласман во нокаут фазата, но тоа нема да им биде нималку едноставно.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


ПСЖ важи за еден од фаворитите во најелитното европско натпреварување, но во група со Ливерпул, Наполи и Црвена Звезда не му оди баш најдобро.

Ниту атмосферата во тимот не е на потребното ниво, а тоа го докажа и последниот потег на Тухел.

Тухел во првиот состав за вечерашниот натпревар го стави Адриен Рабио за кого се верува дека ќе го напушти клубот. Сепак, само неколку моменти планот беше променет и Рабио остана на клупата. Француските медиуми пишуваат дека дошло до расправија помеѓу стратегот и играчот.

Составите на двата тима за овој натпревар можете да ги погледнете тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…