Дома Трансфер зона Интер го праќа Лаутаро Мартинез на позајмица!?

Интер го праќа Лаутаро Мартинез на позајмица!?

Аргентинскиот напаѓач на Интер, Лаутаро Мартинез би можел во јануари да се пресели во Сампдорија на позајмица, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мартинез ова лето пристигна на „Џузепе Меаца“ како големо засилуање, но не може да се избори со конкуренцијата и добива мала минутажа.

Поради тоа и самиот е спремен да се пресели во друг клуб во потрага по поголема минутажа, а таквата ситуација сака да ја искористи Сампдорија.

Тимот од Џенова ќе се обиде да го донесе Аргентинецот на 6-месечна позајмица во јануари, но сепак последниот збор ќе го има тренерот на „нероаѕурите“ Лучијано Спалети.

Спалети во моментов го има само Мауро Икарди, па Мартинез е единствената алтернатива за голгетерот, иако до сега постигна само 2 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…