Дома Фудбал Ванда: Ако Икарди ја сакаше „Златната топка“ ќе го сменеше клубот!

Ванда: Ако Икарди ја сакаше „Златната топка“ ќе го сменеше клубот!

Сопругата и агент на Мауро Икарди, Ванда Нара беше гостин во една емисија каде зборуваше за желбата на напаѓачот еден ден да ја освои „Златната топка“.

Ванда ги изненади навивачите на Интер и изјави дека доколку Икарди ја сакал „Златна топка“ ќе го сменел клубот.

„Златната топка? Мауро не мисли за тоа. Игра во тим каде што сака да биде. Ако сакаше да ја освои Златната топка ќе го сменеше клубот. Интер во овој момент не е многу далеку од Јувентус“, изјави Ванда.

„Во неколку наврати имаше недоразбирање помеѓу Мауро и навивачите, но тој покажа дека може да биде сериозен. Тој е професионалец кој мисли само на теренот“, додаде сопругата на Икарди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ОФИ Крит со два гола го урна Хапоел Беер во Лига Европа

Пунгурас погоди пред паузата, а Фунтас ја потврди победата од 2-0 за ОФИ Крит, иако Хапоел…