Дома Фудбал Германија Ковач во огромен проблем: Во натпреварот кој може да биде клучен влегува со 13 фудбалери на располагање!

Ковач во огромен проблем: Во натпреварот кој може да биде клучен влегува со 13 фудбалери на располагање!

Нико Ковач е во навистина големи проблеми, освен што не му оди со резултатите Хрватот во Баерн има и големи проблеми со повредените фудбалери.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пред вечерашниот натпревар во Лигата на шампионите против Бенфика, Ковач остана и без услугите на Матс Хумелс и за натпреварот против Бенфика ќе има само 13 фудбалери на располагање.

Претходно поради повреди отпаднаа Толисо, Коман, Тиаго и Џејмс, а во тренингот во понеделникот се повреди и Гнабри.

На Баерн потребен му е бод против Португалците за да го обезбедат осминафиналето, а овој натпревар би можел да биде и пресуден за Хрватот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Шок: Капитенот на хит репрезентацијата на Мундијалот обвинет за силување!

Додека Зеленортските Острови ја слават нивната историска шанса за влез во втората фаза на …