Реваншот помеѓу Ривер и Бока кој требаше да се одигра на „Монументал“ неколку пати беше презакажуван поради хаосот кој го направија домашните навивачи.
Според последното одложување натпреварот требаше да се одигра еден ден подоцна, но КОНМЕБОЛ процени дека нема услови ниту тогаш да се одигра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега точната дата не е позната, се појавија и гласини дека Ривер би можел да биде дисквалифкуван, а постои и опција натпреварот да се одигра надвор од границите на Аргентина.
Еден од фудбалерите кој заработи повреда во нападот на автобусот, Пабло Перез порача дека единствена опција е натпреварот да не се игра во Аргентина.
„Никој не ќе може да ми го врати окото ако останам без него. Беше сосема очигледно дека не можеме да играме. Не сакаме да се вратиме на стадионот каде што можеше да го изгубиме и животот, луѓето таму се луди. Не ми е јасен ниту КОНМЕБОЛ после се што се случи тие сакаат натпреварот да се игра, па тоа е срамно. Не знам што ќе се случеше доколку натпреварот се одиграше и победевме“, изјави Перез.