Францускиот репрезентативец Нголо Канте вчера и официјално го потпиша новиот петгодишен договор со Челси со кој стана еден од најплатените играчи во историјата на овој клуб.
Канте во Челси дојде пред две години после сензационално освоената титула со Лестер и за кратко време стана еден од најважните играчи на овој клуб. Французинот е познат по својот скромен однос, а во многу ситуации покажа дека парите не можат да го променат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според новиот договор со Челси сега Канте ќе заработува 290.00 фунти неделно со што стана еден од најплатените играчи во историјата на клубот. Но, неговото однесување сигурно нема да се промени, што веќе го докажува тоа.
Многумина ги интересираше дали Канте конечно ќе го промени својот автомобил и ќе купи нешто полуксузно, но кратко порача на англиската јавност дека останува верен на Мини Купер кој го вози веќе со години.