Шпанскиот тениер, Фелисијано Лопез тврди дека тој и Рафаел Надал се согласни дека Роџер Федерер е најдобар тенисер во историјата на „белиот спорт“.
Во разговор за едно шпанско радио, искусниот играч наведе дека нема дилеми дека Швајцарецотр е подобар од неговиот сонародник Надал, како и Србинот, Новак Ѓоковиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што порача, со тоа се сложил и самиот Надал кога тие двајца зборувале.
„Тоа му го кажав и на Надал, тој се согласи дека Швајцарецот е најдобриот на сите времиња“, наведе Лопез.
Лопез уште не ја завршил својата кариера, но од следната година ќе има должност да биде директор на Мастерсот во Мадрид, каде ќе го замени легендарниот, Манола Сантана.
„Тоа е за мене нова димензија, но зад себе имам одличен тим кој ми помага. Учам доста, ова е голема шанса за мене, но и голема одговорност“.
Како што вели 37-годишниот Шпанец, за него следната година ќе биде последна во однос на професионалното играње тенис.
„Би сакал да играм следната сезона и ако се мине како што планирам, тоа ќе ми биде последна година да се занимавам со „белиот спорт“. Планот е да ја завршам кариерата додека сум се уште конкурентен“, заклучи Лопез.