Дома Фудбал Селекторот на Египет со загрижувачко предупредување: Клоп знае што следува со Салах по ваквото сценарио…?!

Селекторот на Египет со загрижувачко предупредување: Клоп знае што следува со Салах по ваквото сценарио…?!

Дали Ливерпул ќе издржи во добар ритам до крајот и ќе освои некој трофеј оваа сезона?

Играат добро, но недоволно, ќе мораат уште подобро доколку мислат да ја освојат Премиер лигата каде Манчестер Сити е фантастичен, додека во останатите натпреварувања имаат потешкотии, само да се сетиме на поразот од Црвена Звезда во Белград со 2:0.

Трофеите и натаму се предалеку, но во Ливерпул напорно се работи и имаат причина за оптимизам.

Сепак, имаат причина и за грижа, посебно по зборовите на Хавиер Агире, селекторот на Египет.

„Салах може да го напушти Ливерпул за сезона или две ако нема трофеј. Клоп тоа го знае добро и работи на трофеите повеќе од напорно“, истакна Агире.

Ливерпул не освои трофеј од Лига Купот во 2012. година, а Клоп веќе го доби епитетот губитник на финалето…

Ова е добро познато сценарио, само да се сетиме на заминувањето на Луис Суарез во Барселона по фантастичната сезона во која малку недостасуваше Ливерпул да ја освои титулата во домашното првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи има повеќе оружја, Сити ја има Шо: Што ќе го реши женското дерби?

Двата тима се непоразени по девет кола, но до головите стигнуваат на различен начин. Челзи…