Еден од најдобрите десни бекови во историјата на фудбалот Кафу, даде интервју за Дејли Мирор во кое откри кои за него се најдобрите бекови на денешницата, кој е најдобриот играч против кој играл итн.
Да потсетиме, Кафу најславните денови во кариерата ги помина во Рома и Милан, а во тоа време важеше за најдобар бек на светот. Во кариерата освои се што можеше да се освои: ЛШ, СП, Серија А…
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неговите зборови секако имаат дополнителна тежина, па новинарот за почеток за запраша кои за него се најдобрите десни бекови на денешницата.
„Во овој момент според мене, тоа се Дани Алвес, Дани Карвахал и Данило.“ – изјави Кафу, кој го изостави Волкер за кој многумина сметаа дека е најдобриот десен бек на светот.
Исто така, го избра најдобриот играч со кој играл во кариерата.
„Имаше многу, но ако мора да изберам еден, тоа е Роналдињо.“ – рече Кафу, па го избра и најдобриот против кој играл.
„Зинедин Зидан. Тој беше фантастичен.“