Манчестер Јунајтед започна преговори за продолжување на соработката со централниот дефанзивец Крис Смолинг, пренесуваат англиските медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Актуелниот договор на Смолинг истекува на крајот на сезоната, но од клубот имаат право автоматски да го продолжат на додатни 12 месеци.
И покрај тоа раководството на „црвените ѓаволи“ реши да му понуди нов, долгорочен договор на 29-годишниот Англичанец.
Медиумите откриваат дека новиот договор ќе биде за три сезона, а притоа Смолинг ќе добие значително зголемување на платата.
Имено, дефанзивецот во моментов заработува 40.000 фунти неделно, а со новиот договор ќе заработува 120,000 фунти за една седмица.
Best wishes to @ChrisSmalling on his birthday! ? pic.twitter.com/CNrvkbKwqV
— Manchester United (@ManUtd) November 22, 2018