Изгледа навистиан постои реална можност Реал Мадрид да го ангажира Маркус Рашофрд.
Како што пренесуваат „Сан“ и „Мирор“, од „Сантијаго Бернабеу“ го контактирале менаџерот на младиот англиски фудбалер што потврдува дека Реал е сериозен во намерата да го ангажира.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Покрај скаутите на Реал Мадрид го следеле Рашфрод во натпреварот на „Вембли“ помеѓу Англија и Хрватска (2:1).
Договорот на брзоногиот напаѓач на Манчестер Јунајтед истекува за 18 месеци, но на „Олд Трафорд“ се спремни да му понудат нов. За Рашфрод една од најважните ставки во преговорите за нов договор е да биде стартер. Оваа приказна неодамна ја „подгреа“ и селекторот Герет Саудејт со изјавата дека Рашфорд мора да биде почесто во првите 11 кај Мурињо.
Се шпекулира дека менаџерскиот тим на Рашфорд би можел повторно да стапи во контакт со челниците на Реал, ако ситуацијата на „Олд Транфорд“ не се промени. Од почетокот на сезоната, Маркус само пет пати беше член на стартниот тим на Манчестер Јунајтед. Во меѓувреме интерес за неговите услуги покажа и Јувентус.
https://www.youtube.com/watch?v=OhzHmigSkn8