Никогаш не успеа да ги исполни очекувањата, а и не добива шанса. Јувентус му нуди нов договр но тој сака да игра…
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Изгледа дека се работите завршени, ако се суди според Фејсбук статусот на таткото на Даниеле Ругани. Него му е понуден нов договор , но италијанскиот репрезентативец не игра во Јувентус, одигра само три натпревари и вкупно 181 минута.
„Не мораме ништо повеќе да зборуваме, се е готово, брзо се ќе се заврши. Потоа нас не чекаат големи работи, држи се Даниеле, ти си најдобриот италијански стопер“, напиша неговиот татко кој заедно со братот на фудбалер е негов агент.
Кога во прашање е новата дестинација, многу веројатно тоа ќе биде Премиер лигата. Во текот на летото беше блиску до Челзи, но се споменуваше и Манчестер Јунајтед.