Фудбалерите на мексикански Дорадос, предводени од Диего Марадона стигнаа до победа од 2:0 против Хуарез со 2:0.
Аргентинецот целосно го препороди овој тим и од борба за опстанок, Дорадос стигна до самата завршница во плеј-офот во втората лига. Сите уживаат во присуството на Ел Пибе и тој им е мотив повеќе.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дорадос славеше со головите на Кордоба и Сандовала во 13-тата и 27-та минута, реваншот се игра на 25 ноември, додека во другото полуфинале играат Атланта и Сан Луис.
„Денес дојдовме до голема победа, на чекор сме до финалето. Ја посветуваме победата на претседателот на клубот, внукот, синот, сопругата, сестрите и фановите кои не поддржуваа“, порача Диего.
https://youtu.be/KSs63OhJ0Bs